ПИРО ИМАШЕ СТРАШНО ИЗЛЕТУВАЊЕ НА МУЏЕЛО

По ваков пад чудо е што заврши без скршеници (видео)

На тренингот во Мото ГП шампионатот во италијанскиот Муџело се случи страшен инцидент

објавено: 1 јуни 2018 - 20:24

Тест возачот на Дукати Микеле Пиро при голема брзина летна од моторот и се здроби на патеката на која остана да лежи. По укажаната помош е однесен во болница, а состојбата му е стабилна, а освен проблем со рамото има мал потрес на мозокот.

„Микеле распознава луѓе и може да зборува. Тоа е добар знак. Може да ги мрда нозете и рацете, уште чувствува болку во рамото па затоа ќе остане во болница на лекување", изјавија од спортскиот директор на Дукати, Паоло Кијабати.

Пиро изгуби контрола врз моторот и летна во воздух, по што следуваше пад и лизгање по асфалтот и тревникот.

 

Најново во Авто-мото