По петтипат едноподруго

Маркез, повторно, стартува прв на Австралиското ГП

Маркез беше најдобар во квалификациите на оваа патека и во претходните четири сезони, почнувајќи од 2014 година.

објавено: 27 октомври 2018 - 13:15

Мото ГП шампионот Марк Маркес и по петтипат едноподруго ќе тргне од пол-позицијата на трката за големата награда на Австралија на патеката „Филип Ајленд“. Тој беше најдобар во квалификациите на оваа патека и во претходните четири сезони, почнувајќи од 2014 година.

Зад него на второто и третото место ќе стартуваат двајцата пилоти со Јамаха, маверик Виналес и Јоан Зарко.

Зад првите тројца останаа Јаноне и неговиот клупски колега Алекс Ринсес, а австралискиот возач Џек Милер, заедно со Валентино Роси ќе стартуваат од шестото и седмото место. Андреа Довициозо со Дукати ќе започне од деветтото место. 

Најново во Авто-мото