НЕМА ПРОБЛЕМИ СО ЕГОТО

МАРКЕЗ: „Мир" со Роси, тоа зависи од него!

Судирот со Марк Маркез и Валентино Роси датира уште од 2015 година, кога двајцата возачи имаа сериозна кавга во Австралија и Малезија, а оваа одново ги „откопаа воените секири"...

објавено: 18 јули 2018 - 14:00

Додека делува дека страстите после „инцидентот" се смирија, Марк Маркез во интервју за „Кориере дела сера" ја префрла топката во дворот на Валентино Роси, и вели дека од неговата страна е се простено.

„Помирувањето не зависи од мене. Што се однесува до мене се е решено уште во 2015 година. Во Аргентина се случи проблемот во трката, барав простување. Казнет сум со одземање на бодовите. Што уште треба да направам?"- праша Маркез.

Тој и Роси имаа судир во Малезија во 2015 година, кога Италијанецот го турна од моторот својот колега од Шпанија. Тогаш Маркез не беше кандидат за титулата.

„Не знам како тој успева и понатаму да се трка. Можете да тренирате ид а бидете физишки подготвени, Но мотивацијата во глава да возите трки, да се носите со медиумите, притисокот, тоа не се тренира. Тоа е лудо, му се восхитувам поради тоа "- дополни возачот на Репсол Хонда.

 

Најново во Авто-мото