МОТО ГП

Маркез го покори и Ле Ман

Шпанецот Марк Маркез е победник на трката за ГН на Франција на патеката Ле Ман и првпат по 2014 година забележа три победи по ред во шампионатот. Ова му е 64. триумф во кариерата.

објавено: 20 мај 2018 - 15:17

Трката на Ле Ман донесе интересни борби за позиции, но и голем број на испаѓања и откажувања. На второто место заврши Данило Петручи додека на третото Валентино Роси. Четврти беше Џек Милер, а топ 5 го заокружува Дани Педроса.

Хорхе Лоренцо имаше добар старт и во првиот круг изби на првото место, но како што одминуваше времето не можеше да го издржи темпото и се пласира дури на шестата позиција. Валентино Роси по првиот круг падна на шестата позиција, но финишираше како трет.

Андреа Јаноне ја заврши трката во првиот круг откако по своја вина испадна од патеката, а по два круга излета и Алваро Баутиста. Испадна и Јоан Зарко кој до 20 круга пред крајот добро се држеше и го напаѓаше врвот.

Маркес со одличен потег успеа да го претекне Лоренцо и да избие на чело на 18 кругови пред крајот. Шпанецот практично ја искористи првата шанса за претекнување и остана прв до крајот на трката. Три кругови подоцна Лоренцо ја изгуби битката со Роси за третото место, а еден круг подоцна беше претекнат и од Џек Милер.

Шампионатот продолжува на 3 јуни на патеката Муџело, Италија.

Најново во Авто-мото