АРАГОН Е ШПАНСКА ТЕРИТОРИЈА

Маркез го одбрани домашниот терен, има фора од „три трки“

Марк Маркез славеше на трката во Арагон во рамките на Мото ГП шампионатот. Заврши прв пред Андреа Довициозо и Андреа Јаноне. Валентино Роси дури на осмото место...

објавено: 23 септември 2018 - 15:26

Уште на стартот на трката испадна Хорхе Лоренци. Тој имаше дуел со Марк Маркез, кој во една од првите кривини отиде прешироко бранејќи ја својата позиција од Лоренцо што го исфрли од игра возачот на Дукати.

Потоа водствот ого имаше Андреа Довициозо, го следеше Маркез, како и двоецот од Сузуки, Алекс Ринс и Андреа Јаноне.
Во наредните неколку круга, Валентино Роси успеа да се пробие до деветата позиција, иако деветкратниот светски шампион трката ја почна од позицијата број 17.
Доста долго се беше премногу мирно на патеката во Арагон, за на десет круга пред крајот, Маркез го заобиколи Довициозо, и го превзема првото место. Два круга подоцна, „Дови" го возврати ударот и успеа да биде лидер уште еднаш.
Но само за кратко затоа што на пет круга пред целта Маркез дојде на првото место, но направи грешка по која шанса за ловорот имаа тројца мотоциклисти. „Во игра" влезе и Адреа Јаноне.
Сепка, Маркез имаше најдобро возење кога за тоа беше најпотребно, во третиот сектор го претекна Довициозо и потоа не даде нова смена во поредокот.
После шестата победа во сезоната сега има 72. бода повеќе од Довициозо во генералниот пласман, што значи дека има скоро „три победи" како „вишок" во однос на најблискиот конкурент.

Најново во Авто-мото