УШТЕ ЕДНА ТРКА ДО КРАЈОТ

Маркес триумфално низ Малезија, Роси испушти победа!

Возачот на Репсол Хонда победи на Големата награда на Малезија во претпоследната трка од шампионатот во Мото ГП...

објавено: 4 ноември 2018 - 12:40

На патеката во Сепанг, Маркес ја оствари својата деветта победа во сезоната, а инаку 70. во кариерата откако профитираше по нетипичната, за него, грешка на Валентино Роси на „Јамаха".

„Докторот" водеше од почетокот на трката, па се до 17. од 20. круга, за потоа да излета од патеката во моментот кога младиот Шпанец го стигна сосема. На тој начин изостана битката каква сите посакуваа, а профитираа возачите кои беа зад него.
Као второпласиран помина Алекс Ринс на „Сузуки", а на третото место на подиумот се искачи возачот на „Јамаха", Жоан Зарко.

Најново во Авто-мото