ВОЗАЧОТ НА ХОНДА СЛАВЕШЕ ВО ТРКАТА ОД МОТО ГП ШАМПИОНАТОТ

Маркес на последната кривина до триумф во Тајланд! (ФОТО+ВИДЕО)

Возачот на Хонда, Марк Маркес победи денеска во трката од Мото ГП шампионатот за Големата награда на Тајланд и ја зголеми предноста во генералниот пласман.

објавено: 7 октомври 2018 - 13:50

Маркес до седмата победа во сезоната дојде со резултат од 39 минути, 55.722 секунди. Тој и Андреа Довициозо од Дукати водеа голема борба за победата, а Маркес во последната кривина го престигна ривалот и дојде до првото место.

Трет заврши членот на Јамаха, Маверик Вињалес со заостанување од 0,270 секунди. Следуваат Валентино Роси, Жоан Зарко на четвртото, односно петтото место, додека возачот на Хонда, Дание Педроса не ја заврши трката.

Маркес е водечки во генералниот пласман со 77 бодови повеќе во однос на Довициозо. Наредната трка во сезоната ќе се вози на 21. октомври за Големата награда на Јапонија.

Најново во Авто-мото