САМО ШТО ЗАКРЕПНА ОД ЕДНА, НОВА ПОВРЕДА

МАЛЕР: Лоренцо ја оперираше дланката

По повредата на зглобот, при пад на тренинг петкратниот светски првак скрши коска на левата дланка.

објавено: 22 јануари 2019 - 09:15

Петкратниот светски првак во Мото ГП, возачот на Репсол Хонда, Хорхе Лоренцо, заработил повреда на левата дланка, при пад на тренинг во Верона, Италија.

Лоренцо, кој неодамна закрепна од повредата на зглобот на раката, по незгодниот пад на трката во Тајланд, сега претрпе нова хируршка интервенција.

Шпанецот ќе одмора оваа седмица, а од следната може да се врати на подготовките за новата сезона, но ќе го пропушти првото тестирање во Сепанг, но ќе биде подготвен за она во Катар (23-25 февруари).

 

 

Најново во Авто-мото