НЕМА ПРОСТОР ЗА РИЗИК

Лоренцо се откажа од трката во Тајланд

Возачот на Дукати, Хорхе Лоренцо во недела дефинитивно нема биде дел од Големата наградата на Тајланд. 

објавено: 6 октомври 2018 - 08:39

Шпанецот во петокот доживеа тежок пад на патеката на слободниот тренинг, за среќа мина без сериозни повреди. Сепак од италијанскиот тим и Лоренцо не сакаа да ризикуваат, особено по инцидентот пред две недели на трката за Големата награда на Арагон, кога се здоби со фрактура на прстот на ногата.

Шпанецот на третиот тренинг се појави со завој на десниот лакт и одеше со помош на патерици. Тој е четвртти во генералниот пласман по 14 трка, на претходните три ги освојуваше пол-позициите. На Патеката ќе се врати на ГМ на Јапонија, која се вози на 21 октомври.

Најново во Авто-мото