ЗАБАВЕН ДЕН НА ФИЛИП АЈЛЕНД

Лебеди и кенгури „гости“ на моторџиите (Фото)

Мото ГП шампионатот викендов продолжува во Австралија, а таму на првиот ден имаше неочекувани гости

објавено: 26 октомври 2018 - 12:10

Мото ГП циркусот викендов продолжува во Австралија на патеката Филип Ајленд, а на првиот слободен тренинг утринава моторџиите имаа неочекувани гости. Лебеди и кенгури „дојдоа" да видат што се случува на патеката па им попречуваа на моторџиите.

Марк Маркез ја освои титулата минутата недела па сите трка вклучувајќи ја и оваа за него ќе биде само за лична сатисфакција. Другите ќе се борат за вицешампионската позиција. На слободниот тренинг имаше две излетувања.

Маркез излета но без последици, исто како и Карл Кратчлоу кој го скрши десниот зглоб и беше префрлен во болница и опериран. Андреа Јаноне на Сузуки одбележа најдобро време. За нијанса послаб беше Данило Петручи од Дукати. Валентино Роси беше дури 10-ти.
Главната трка е во недела изутрина.

 

Најново во Авто-мото