ПО ДВЕ ГОДИНИ „ПАУЗА", ПРВО МЕСТО ВО КВАЛИФИКАЦИИТЕ

„ДОКТОРСКО ВОЗЕЊЕ" НА МУГЕЛО: Валентино Роси на пол-позицијата

Шестата трка во сезоната на Мото ГП шампионатот, Големата награда на Италија од првата стартна позицја ќе ја почне возачот на Јамаха кој беше најдобар во квалификациите...

објавено: 2 јуни 2018 - 15:30

Шестата трка во сезоната на Мото ГП шампионатот, Големата награда на Италија од првата стартна позицја ќе ја почне возачот на Јамаха кој беше најдобар во квалификациите...
Валентино Роси се враќа на вистинското место, во вистинско време. Пред својата италијанска публика во Мугело извозе најбрзо во квалификациите – 1:46.208 минути.
Возачот на Јамаха за последен пат до пол-позицијата стигна на истата патека пред две сезони. И е прва за „докторот" по 2016 година кога го направи тоа на Големата награда на Јапонија.
Таа година успеа да стигне до третата позиција, а овој успех во Мугело е 65 таков за него во кариерата.
Како втор овие квалификации ги заврши виозачот на Дукати, Хорхе Лоренцо со заостанување од 0.35 илјадити делови од секундата, додека трет низ целта помина Маверик Виљалес со нецела една секунда заостанување.
Лидерот во генералниот пласман, Марк Маркес пак ќе стартува од шестата позиција.
Шестата трка во оваа сезона се вози во недела, од 14.часот.

Најново во Авто-мото