ШПАНЕЦОТ СО НАЈБРЗО ВРЕМЕ ВО ХОНДА

Маркез со пол позиција во Холандија

Актуелниот шампион и лидер во генералниот пласман ќе стартува од најдоброто место пред Големата награда во Холандија.

објавено: 30 јуни 2018 - 16:11

Во квалификациите Марк Маркез на патеката во Асен дојде до пол позицијата пред Кал Крачлоу и Валентино Роси.

Шпанецот имаше најбрзо круг од 1:32.791, но не може да се каже дека беше убедлив, бидејќи дури шест возачи се најдоа во задоцнување од само 200 илјадити делови во секундата.

Иако оваа патека е позната на која доминира популарниот „Доктор", сепак ќе тргне како трет, а да потсетиме триумфираше три пати во последните пет години.

Последен пат Маркез во Холандија триумфираше во 2014. година. Главната трка ќе се вози в недела од 14:00 часот.

Најново во Авто-мото