НА ТРКАТА ВО АСЕН

Класа за себе, Маркез ја освои и Холандија!

Шпанецот дојде до првото место на Големата награда пред Алекс Ринс, Маверик Вињалес, Андреа Довициозо, а дури петти „Докторот" Валентино Роси.

објавено: 1 јули 2018 - 15:01

Трката одлично ја започна Хорхе Лоренцо кој од 10. место стигна на првото. Веднаш го предизвик Маркез и ја презеде првата позиција која ја имаше скоро половина од трката.

Лоренцо го предизвикаа уште Маркез, Роси и Довициозо, а во еден момент Роси имаше контакт со задниот дел од моторот на Лоренцо.

Со својата Репсол Хонда имаше време од 41:13.863 мин., за скоро две и пол секунди побрз од Ринс, Вињалес и Довициозо, а скоро три секунди задоцнуваше Роси.

Маркез после третата победа на оваа патека во Асен ја зголеми предноста во генералниот пласман во однос на Роси.

Моментно има 140 бодови, 41 повеќе од „Докторот", а наредната трка ќе се вози на 15. јули за Големата награда на Германија. Кај конструкторите: Хонда 175 бодови, Дукати 145, Јамаха 140.

Најново во Авто-мото