ПО 12 ГОДИШНА СОРАБОТКА

ЗБОГУМ ЗА РЕНО: Ред Бул догодина ќе вози со мотори на Хонда

Формула 1 тимот потпиша двогодишен договор со јапонскиот производител на мотори и од следната сезона ќе има сосема нов „лик".

објавено: 19 јуни 2018 - 22:20

Формула 1 тимот потпиша двогодишен договор со јапонскиот производител на мотори и од следната сезона ќе има сосема нов „лик".

„Повеќегодишниот договор со Хонда претставува ново поглавје за Ред Бул кој има највисоки цели во Ф1 – освојување на титулата "- рече првиот човек на овој тим, Кристијан Хорнер.

На тој начин, Ред Бул ја завршува 12 годишната соработка со францускиот синоним за мотори, а со кој во текот на тој период оствари 57 Гран при победи, и освои по четири шампионски титули во конкуренција на возачи и конструктори.
Од друга страна пак, со потпишување на овој договор со Ред Бул, од сезоната 2019/2020, Хонда ќе снабдува со мотори два тима во Ф1, затоа што се знае дека од порано соработува со Торо Росо.

Најново во Авто-мото