ВО ПРЕСРЕТ НА НОВАТА Ф1 СЕЗОНА

Заубер го менува името во Алфа Ромео Рејсинг

Продолжувањето на соработката со брендот наметна промена на името.

објавено: 1 февруари 2019 - 14:01

Тимот на Заубер во новата сезона во Формула 1 ќе настапува под името Алфа Ромео рејсинг, откако го продолжија договорот со италијанскиот автомобилски бренд.

Сопствеништвото и менаџментот на тимот ќе останат исти, единствено името ќе биде сменето, со оглед на тоа дека Алфа Ромео која во 2018 потпиша договор за техничко и комерцијално спонзорство сега го продолжува истото, но во името повеќе нема да стои Заубер.

Името Заубер дебитираше во 1993 година кога сопственик беше Петер Заубер, но сега ќе претставува бренд, кој има долга традиција во мотоспортот, која датира од 1911 година.

„Задоволство е да ве информираме дека во Формула 1 сезоната 2019 влегуваме како тим со името Алфа Ромео Рејсинг. По продолжувањето на соработката со спонзорот Алфа Ромео со кој во 2018 година направивме фантастичен технички, комерцијален и спортски успех", обелодени првиот човек на тимот, Фредерик Васур.

Во новата сезона за Алфа Ромео ќе возат легендарниот Кими Раиконен и Италијанецот Антонио Џовинаци.

Најново во Авто-мото