Торо Росо го покажа новиот болид за 2019 (фотогалерија)

објавено: 11 февруари 2019 - 17:37

Скудерија Торо Росо го претстави својот нов болид за 2019 година, кој ќе го возат Русинот Данил Квијат и новакот Александер Албон. Шефот на тимот, Франц Тост потврди дека новиот СТР14, кој на прв поглед е речиси идентичен со минатогодишниот болид, задржувајќи ја бојата сребрена, сина и црвена од 2017 година. Тост објасни дека сега се во уште поцврста врска со „мајчинскиот" Ред Бул со тоа што болидот на Торо Росо ќе користи „многу делови" од болидот на Ред Бул од минатата година, а и двата тима сега ќе возат со мотори на Хонда.

Најново во Авто-мото