„КРВТА НЕ Е ВОДА"

СИНОТ НА ЛЕГЕНДАРНИОТ ШУМАХЕР: „Тато ми е идол, се натпреварувам поради него"!


За прв пат Мик Шумахер отворено зборува за својот славен татко...

објавено: 27 ноември 2018 - 14:00

Мик Шумахер, син на славниот возач на Формула 1, Михаел, за германскиот РТЛ зборуваше за својот татко.
На ова сега веќе 19.годишно момче, чиј сон е еден ден да настапи во Формула 1, неодамна направи голем чекор во таа насока, затоа што ја освои европската титула во Формула 3.

„Своевремено татко ми ме праша дали сакам да се занимавам со овој спорт професионално, или онака чисто, од хоби. Секако, веднаш му реков дека сакам да бидам професионалец"- рече Мик.

Не крие дека многу му годи што го споредуваат со неговиот славен татко.

„Секогаш сакав да ме споредуваат со најдобрите, а мојот татко е најдобриот. Тој е мојот идол, и пресреќен сум што ме споредуваат токму со него. Многу светски шампиони се споредуваат со мојот татко" – горд е младиот возач.

За потсетување, поминаа пет години од стравичната несреќа, кога на скијање, легендарниот Шумахер доживеа тешка повреда на главата. Информациите за неговата здравствена состојба не се појавуваат во јавноста, затоа што неговата сопруга, и мајка на Мик, Корина, не сака да се знае ништо за тоа.
На младиот Мик му е тешко поради сето тоа.

"Мик не говори дека е тажен поради својот татко. Но, понекогаш открива дека му е многу тешко. Го познавам многу добро, тоа е едно тивко, мирно момче. Но е отворен и сака да разговара со сите. За ситуацијата со неговиот татко не зборува често" – откри неодамна нивниот семеен пријател, Никлас Нилсен.

Најново во Авто-мото