КАКВА КОИНЦИДЕНЦИЈА, ПО ЦЕЛИ 28.ГОДИНИ...

СИГУРНО Е ГОРД НА СВОЈОТ СИН: Мик Шумахер е европски шампион во Формула 3

Мик Шумахер, син на седумкратниот освојувач на титулата светски шампион во Формнула 1, Михаел, покажа дека полека оди по патеката на својот славен татко.

објавено: 14 октомври 2018 - 15:30

Мик стана новиот европски шампион во Формула 3, и така осигура посебна суперлиценца на ФИА, кој ќе му го олесни патот за влез во Формула 1, што е неговиот сон.

Мик Шумахер вози за екипата "прима теодор Рејсинг", а на трката во Хокенхајм после освојувањето на второто место направи доволна предност во однос на Британецот Ден Тиктум, и ја осигура титулата.
Па затоа, и таткото Михаел сега е сигурно многу горд на својот наследник. Токму пред 28.години, тој исто така беше, стана шампион во Формула 3. Но за жал не може да ги следи успесите на симот.
За потсетување, пред пет годкнуи, Михаел доживеа стравична несреќа на скијање. Претрпе сериозни повреди на главата, и не е познато во каква состојба се наоѓа во овој момент.

Најново во Авто-мото