ГП ЗА ГОЛЕМАТА НАГРАДА НА МОНАКО

Рикиjардо победи, му одолеа на Фетел

Возачот на Ред бул ја забележа втората победа сезонава во трка во која беше прв од почеток до крај, но цело време под силен притисок на возачот на Ферари

објавено: 27 мај 2018 - 17:24

Даниел Рикijардо е победник на трката за Големата награда на Монако што се возеше во Монте Карло.

Ова му е седма победа во кариерата а втора сезонава на Австралиецот кој вози за Ред бул. Ова е јубилејна 250. трка за Ред бул во Формула 1 и тимот овој јубилеј го прослави со победа на Рикардо кој ја имаше пол позицијата. На второто место се пласира Себастијан Фетел од Ферари, а трет беше актуелниот шампион Луис Хамилтон на Мерцедес.

Рикијардо водеше од почеток до крај но во поголемиот дел на трката имаше проблеми со моторот кој му губеше сила и мораше тактички да се надмудрува со Фетел кој му дишеше во вратот цело време.
Проблемите на Рикардо почнаа во 28. круг (од 78 вкупно) кога неговиот мотор почна да губи сила. Тоа веднаш стаса до ушите на Себастијан Фетел кој почна да го брка првопласираниот, кој сепак успеваше да ја одржи предноста. Во брканицата се вклучи и Луис Хамилтон. Во 45. круг помеѓу овие тројцата временската разлика изнесуваше само три секунди. Во тој момент неизесноста станување се поголема, иако редоследот беше исти како на стартот.
Рикијардо успешно се одржуваше на чело, иако имаше очигледни проблеми со моторот кој ја губеше силата. Во тие моменти Фетел не успеваше да го помине.
Хамилтон во 67 круг веќе имаше забележително заостанување зад второпласираниот Фетел од 4,5 секунди. Британецот повеќепати до својот штабо во Марцедес се жалеше на гумите.
Фернандо Алонсо не ја заврши трката, прва сезонава во која возачот на Мекларен остана без поени. Тој мораше да се откаже во 53 круг, поради проблеми со моторот.
Испаднаа и Шарл Леклерк и Брендон Хартли, кога првиот се удри во вториот при откажувањето на сопирачките. Тоа се случи во 72. круг.
Следна на програмата е трката за Големата награда на Канада, седма во календарот, на 10 јуни, на патеката во Монтреал.

Пласман ГП Монте Карло

Даниел Рикардо, Ред Бул 1:42'54.807
Себастијан Фетел, Ферари + 7.336 сек.
Луис Хамилтон, Мерцедес, + 17.013
Кими Раиконен, Ферари + 18.127
Валтери Ботас, Мерцедес + 18.822
Естебан Окон, Форс Индија + 23.667
Пјер Гасли, Торо Росо + 24.331
Нико Хулкенберг, Рено + 24.839
Макс Ферстапен, Ред Бул + 25.317
Карлос Саинц, Рено + 1:09.013

Вкупен пласман
Возачи
Луис Хамилтон (Мерцедес) 110
Себастијан Фетел (Ферари)96
Даниел Рикардо (Ред бул) 72
Валтери Ботас (Мерцедес) 68
Кими Раиконен (Ферари) 60
Макс Ферстапен (Ред Бул) 35
Фернандо Алонсо (Мекларен) 32
Нико Хулкенберг (Рено) 26
Карлос Саинц (Рено) 20
Кевин Магнусен (Хаас) 19...

Конструктори
Мерцедес 178
Ферари 156
Ред Бул 107
Рено 46
Мекларен 40
Форс Индија 26
Торо Росо 19
Хаас 19
Заубер 11
Вилијамс 4

Најново во Авто-мото