Уште еден тим го престави болидот

Рено го презентираше RS-19 болидот за новата сезона (ФОТО)

Французите очекуваат оваа сезона да се искачат макар еднаш на врвот на пиедесталот на некоја од Ф1 трките.

објавено: 12 февруари 2019 - 18:30

Француската автомобилска компанија Рено денеска го претстави својот нов болид за сезоната 2019-та во Формула 1. За време на презентацијата пилотот Даниел Рикиардо изјави дека се надева дека со правилна работа болидот и целиот тим на Рено, ќе бидат многу поконкурентни отколку минатата сезона.

Австралијанецот минатата сезона возеше за Ред Бул, кој заврши на третото место во рангирањето на конструкторите. Рено лани беше 4-ти.

Во новата сезона втор пилот на Рено ќе биде Германецот Нико Хулкенберг. 

Рено, кој беше светски шампион во 2005 година и во 2006 година, се врати во Формула 1 во 2016 година, но досега немаат победа. 2019-тата ќе биде година со многу очекувања од тимот, а за квалитетот ќе се суди по првите трки и промоцијата на новиот болид RS-19.

Првиот вистински тест на Рикиардо со новиот болид е биде следната недела кога на 18 февруари почнуваат тестирањата во Барселона. 

Најново во Авто-мото