СТАРТ НА „АЛБЕРТ ПАРК“, ПОТВРДЕН КАЛЕНДАРОТ ЗА 2019 ГОДИНА

Распоред на трки: Ф1 сезоната 2019 ќе започне во Австралија (ФОТО)

Сезоната ќе започне со Големата награда на Австралија во „Алберт Парк", а последната трка ќе се вози во Абу Даби на 1. декември следната година.

објавено: 6 декември 2018 - 13:00

10 дена после завршната трка во Формула 1 за 2018. година, дознавме како изгледа календарот на натпреварувањето за наредната сезона 2019.

Пријавени се вкупно 21. трка, колку што имаше и оваа сезона, а „најбрзиот циркус" ќе започне на 17. март 2019 со ГН Австралија на патеката „Алберт Парк".

Единствената разлика во редоследот на трките во однос на 2018-та е во тоа што прво ќе се вози за ГН Мексико (27. октомври), а потоа за ГН САД (3. ноември).

Да додадеме уште дека титулата кај возачите ја брани Британецот Луис Хамилтон, а кај конструкторите Мерцедес.

Еве го и комплетниот распоред на трки за 2019. година:

17 март: ГН Австралија, Алберт Парк;
31 март: ГН Бахреин, Шахир;
14 април: ГН Кина, Шангај;
28 април: ГН Азербејџан, Баку;
12 мај: ГН Шпанија, Монтмело;
26 мај: ГН Монако, Монте Карло;
9 јуни: ГН Канада, Жил Вилнев;
23 јуни: ГН Франција, Пол Рикард;
30 јуни: ГН Австрија, Ред Бул Ринг;
14 јули: ГН Велика Британија, Силверстоун;
28 јули: ГН Германија, Хокенхајм;
4 август: ГН Унгарија, Хунгароринг;
1 септември: ГН Белфија, Спа Франкошамп;
8 септември: ГН Италија, Монца;
22 септември: ГН Сингапур, Марина Беј;
29 септември: ГН Русија, Сочи;
13 Октомври: ГН Јапонија, Сузука;
27 октомври: ГН Мексико, Ерманос Родригес;
3 ноември: ГН САД, Остин-Тексас;
17 ноември: ГН Бразил, Интерлагос;
1 декември: ГН Абу Даби, Јас Марина;

Најново во Авто-мото