СИ ЈА ИСПРАВИЈА ГРЕШКАТА

РАДОСТ ВО ФОРМУЛА 1: Грид девојките повторно на стартот (ФОТО)

Откако имаа сериозен проблем со навивачите, сопствениците на Формула 1, компанијата „Либерти Медиа" одлучи да јги врати преубавите хостеси на патеката...

објавено: 24 мај 2018 - 11:00

Моделите се враќаат на трките на Ф 1 уште оваа недела во Монако. Иако ќе имаат некоја друга улога во однос на некои поранешни сезони.

Тие нема да бидат во оној т.н. „грид" со таблите со имињата на возачите, туку ќе ги претставуваат спонзорите, производителите на часовници, ТАГ Хојер,

Во Монако, моделите на оваа компанија, вклучително и машките, ќе ги фотографираат возачите и тие слики ќе се објавуваат на социјалните мрежи.

„Жените се најубавите суштества на целиот свет. Големата награда на Монако е елегантен Гран при и ќе биде многу убаво кога ќе ги видиме девојките во гридот"- смета светскииот шампион Луис Хамилтон.

Со својот голем ривал на патеката се сложува и Германецот Себастијан Фетел.

„Ги сакам жените, мислам дека се преубави. Поентата е дека денеска околу се се прави некоја помпа. Сите кои беа во гридот порано беа таму затоа што сакаа. Сигурен сум дека кога би прашале било која од нив дали е среќна во гридот во недела попладне, би ви рекле 'да'. Мислам дека не постои никој кој ги тера да го прават тоа" – вели Фетел.

Инаку акцијата во Монте Карло почна денеска, со првиот тренинг...

Најново во Авто-мото