СЕГА Е МНОГУ ПОДОБРО

ПО ТРИ МЕСЕЦИ: Ники Лауда доби отпуст од болницата, може на домашно лекување

Поранешниот трикратен шампион во Формула 1 и австриски бизнисмен ја напушти болницата во Вина, после скоро три месеци од трансплантацијата на белите дробови.

објавено: 25 октомври 2018 - 13:45

Болницата во Виена соопшти дека Лауда е отпуштен во „добра општа состојба" како и тоа дека неколку седмици ќе мора да помине во рехабилитација.

За потсетување, Лауда беше опериран на 2. август.
Сега веќе 69 годишен старец, екс-првакот во најбрзиот циркус на светот, по освојуавњето на првата титула во 1975 година, доживеа тешка несреќа за време на трката за Големата награда на Германија во август 1976 година.
Но тоа не го спречи да се врати зад воланот и да го освои првото место и титулите уште два пати (1977 и 1984 година).

 

Најново во Авто-мото