Во чест на 90-годишнината од постоењето

Новиот болид на Ферари со симболично име - СФ-90

Новиот болид Ферари ќе го престави на 15 февруари.

објавено: 29 јануари 2019 - 15:45

Новиот болид на Ферари ќе носи симболично име. Како што објави италијанскиот магазин „Аутоспринт“ новиот болид на „црвените“ ќе го добие индексот СФ-90, во чест на 90-годишнината од  формирањето на спортското друштво "Скудерија Ферари".

Приказната за Ферари во светските авто-мото натпревари тргна во 1929 година, а годинава се навршуваат 90 години од основањето. Во таа чест, болидот со кој тимот ќе се натпреварува во новата Ф1 сезона ќе ја добие кратенката СФ од „Скудерија Ферари“ и бројката 90 која симболично ќе ги означи годините на постоењето на тимот.

Исто така се забележува дека и дизајнот на новиот болид веројатно значително ќе се разликува од она што го имавме како стандарден изглед на Ферари во минативе сезони. Презентацијата на новиот болид, Ферари ја закажа за 15 февруари.

Најново во Авто-мото