ГО ЧЕКА НОВА БИТКА

Ники Лауда во животна опасност

Легендарниот некогашен возач на Формула 1, Ники Лауда сноќа му била извршена трансплантација на белите дробови.

објавено: 3 август 2018 - 09:48

Легендарниот 69-годишен некогашен трикратен освојувач на Формула 1, Ники Лауда доцна синоќа бил опериран во Виена. Според информациите за време на одморот на Ибица му се влошила состојбата, веднаш му била извршена трансплантација на белите дробови. 

„Поради тешка состојба на белите дробови мораше да му биде извршена ттрансплантација на белите дробови во Виена. Операцијата беше успешна. Ве замолуваме да имате разбирање, семејството нема да дава официјални изјави и да ја почитувате нивната приватност“, се вели во соопштението на болницата „АКН" од Виена.

Лауда во текот на својата кариера за малку ќе настрадаше во несреќа во Германија, во 1976 година се запали неговиот болид, потоа во 1997 и 2005 година му беше извршена трансплантација на бубрегот.

И покрај тоа што вчерашната операција минала успешно, „Спорт Билд“ пишува дека Лауда се наоѓа во животна опасност и дека првиот ден по трансплантацијата секогаше е критичен.

 

Најново во Авто-мото