ВОЗБУДЛИВО БРИТАНСКО ГРАН ПРИ И РАЗОЧАРУВАЊЕ КАЈ АНГЛИЧАНИТЕ

Не е Хамилтон, Фетел е „газдата" на Силверстон

Себастијан Фетел е победник на трката за големата награда на Велика Британија која пред малку заврши на патеката Силверстон.

објавено: 8 јули 2018 - 16:55

Германецот во болидот на Ферари имаше скоро совршена трка, што придонесе за прв пат по 2013 година, победник на оваа трка да не биде некој од возачите на Мерцедес.

Со овој триумф, Фетел дојде до 51. победа во кариерата, и се израмни на третото место на вечната листа заедно со легендарниот Французин Ален Прост.
Второто место му припадна на неговиот голем ривал и актуелен светски шампион, Луис Хамилтон, кој после стартните проблеми и последното место во првиот круг, со сјајно возење дојде до подиумот на кој се качи и вториот возач на Ферари, Кими Раиконен.
Феноменална трка имаа четирите возила на Ферари и на Мерцедес, практично до самиот крај не беа „обезбедени" позициите. На пет круга пред крајот, Фетел го помина Ботас, ја превзема лидерската позиција и победи.
Некој круг подоцна и Хамилтон, потоа и Раиконен излегоа пред Валтери Ботас и „фатија" уште поголем број на бодови.
Но најголема добивка на англиското тло сепак има германскиот суперстар, кој ја зголеми разликата пред Хамилтон на осум бода.

Најново во Авто-мото