По стапките на својот татко

Мик Шумахер се договори со Ферари!

Младиот 19-годишен шампион во Формула 3, потпишал договор со италијанскиот тим за кој оваа сезона ќе одработи и две тестирања.

објавено: 16 јануари 2019 - 16:00

Синот на еден од најдобрите возачи во историјата на Формула 1 Михаел Шумахер, Мик, ќе направи важен чекор кон Ф1 натпреварувањето. Како што објавија светските медиуми, талентираниот Мик веќе договорил соработка со тимот на Ферари, за кој неговиот татко настапуваше со голем успех.

Мик Шумахер ќе стане член на семејството Ферари во т.н. клупска академија, односно делот од програмата за млади возачи. Од италијанскиот тим се уште официјално го немаат потврдено договорот. Мик има 19 години и веќе има извонредни резултати во останатите серии.

Минатата сезона тој триумфираше во европската Формула 2 возејќи за Прем Рејсинг, за кој ќе настапува и оваа сезона во Формула 2. Според договорот со Ферари, Мик за италијанскиоттим оваа сезона ќе треба да одработи и две тестирања, а одредено време ќе мора да мине и на нивниот симулатор. 

Најново во Авто-мото