ПО СТРАШНАТА НЕСРЕЌА ВО 2010 ГОДИНА

Кубица со историски „кам-бек" во Формула 1

По осум години пауза, 20 операции и голема животна борба Полјакот се враќа во најбрзиот светски караван.

објавено: 8 февруари 2019 - 14:30

Полскиот возач Роберт Кубица, осум години по страшната несреќа се враќа во најбрзиот светски караван и ќе биде дел од тимот на Вилијамс во новата Ф1 сезона.

Кубица во 2010 година преживеа страшна несреќа со Шкода Фабија во светскиот рели шампионат, каде беше час и половина заглавен во автомобилот, загуби околу пет литри крв и заработи тешки повреди на лактот и ногата, а му беше ампитуран и дел од раката.

По големата животна борба, 20-те операции како и петте месеци минати во кревет, односно инвалидска количка, Полјакот и се враќа на својата љубов.

Кубица ќе биде вториот најстар возач во Ф1 со 34 години, додека највозрасен е Кими Рајконен со 39 години.

Полскиот возач има еден трофеј од Големата награда на Канада во 2008 година, а 12 пати се има искачено на подиумот на Ф1 во досегашната кариера.

Најново во Авто-мото