Вилијамс го подготви двоецот за 2019-та

Кубица и Расел ќе возат за Вилијамс догодина?

објавено: 12 октомври 2018 - 08:55

Ветеранот во светот на автомобилизмор, Роберт Кубица и младиот Џорџ Расел се можниот тандем за тимот на Вилијамс во сезоната 2019. Нивниот снабдувач на мотори Мерцедес се надева дека ќе успее да го состави овој двоец како пилоти во тимот идната сезона.

Постојат гласини дека еден од новите возачи на Вилијамс може да биде и Естебан Окон, но тие се засега само во доменот на шпекулации. 

Од своја страна, резервниот пилот на Вилијамс, Роберт Кубица со себе би донел и сума од десет милиони долари спонзорство за 2019. Екипата е во незавидна финансиска состојба, па со парите на Полјакот, како и со таксата која треба да плати Ленс Строу за да си замине буџетот на британскиот тим ќе изгледа многу подобро следната година.

Каков ќе биде составот на Вилијамс треба да се знае сигурно до 1 декември, кога ФИА ќе ја објави финалната листа на пилоти следната сезона.

Најново во Авто-мото