И натаму покажува зошто е шампион

Хамилтон победи и на Бразилското ГП, а Мерцедес ја потврди титулата кај конструкторите

Петтата позиција на Ботас на трката во Бразил практично значи дека на една трка пред крајот Мерцедес е шампион кај конструкторите.

објавено: 11 ноември 2018 - 20:06

Пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон ја освои својата петта титула уште по минатата трка, но не дозволи тоа да го оттргне од победите и во последните овосезонски трки. Британецот вечерва триумфално ја заврши и трката за ГН на Бразил, откако успеа да ја победи конкуренцијата и да ја потврди шампионската титула.

Второто место на победничкиот подиум му припадна на Макс Верстапен на Ред Бул, додека третата позиција му припадна на вториот пилот на Ферари, Кими Раиконен. Значајно беше петтото место кое денеска го освои Валтери Ботас од тимот на Мерцедес. Тој пласман и шестото место на Фетел значат дека на трка пред крајот на првенството Мерцедес ја обезбедива и титулата кај конструкторите.

Последната овосезонска трка е за две недели во Абу Даби.

Најново во Авто-мото