со продолжување на договорот

Хамилтон ќе биде најскапоплатениот британски спортист

Мерцедес не мисли да го пушти шампионот и ќе го награди со неверојатен договор

објавено: 27 јуни 2018 - 18:30

Луис Хамилтон ќе остане во Мерцедес, откако се согласил да потпише нов двегодишен договор со овој тим. Британскиот возач ќе биде во мерцедес до 2020 година, без опција за продолжување на соработката и за во 2021 година. Во таа година се очекува да бидат вметнати новите правила, кои сериозно ќе го променат овој спорт. 

Според најавите, Хамилтон ќе добие 80 милиони евра со новиот договор, што значи дека со 40 милиони евра од сезона, ќе биде најскапоплатениот британски спортист. Актуелниот бранител на тронот сезонава атакува на петата светска титула во Формула 1 шампионатот. 

Најново во Авто-мото