БРИТАНЕЦОТ САКА ВИСТИНСКА КОНКУРЕНЦИЈА ВО Ф1

ХАМИЛТОН: Би било дури и епски ако Ред Бул влезе во трката...

Актуелниот шампион и првиот возач на Мерцедес посакува неговиот тим да има не еден, туку два предизвикувачи во 2019 година...

објавено: 14 јануари 2019 - 20:10

Со години наназад во Формула 1 постои борба само помеѓу два возачи за титулата на светски шампион. Во 2018 година, Луис Хамилтон го совлада Себастијна Фетел, иако во некои моменти делуваше дека болидот на Ферари е навистина побрз од оној на Мерцедес.
Сепак, борбата во „тројка" скоро немаме видено.

А Британецот Луис Хамилтон вели дека искрено би сакал Ред Бул повторно да биде тим кој ќе се бори за титулата.

„Верувам дека Себастијан ќе биде главен конкурент... Но, Ред бул... Тие имаа сјаен болид и беа навистина добри на крајот на годината. Ќе имаат нов мотор следната сезона и се надевам дека ќе може да се натпреваруваат со нас. Бидејќи навистина би било епски ако Ред Бул малку би можел да се вмеша во трката"- вели Хамилтон кој се надева дека тимот од Австрија може уште да напредува.

„Очигледно е дека би морале да ја унапредат својата постојаност што им беше голема мана минатата сезона. Има многу сегменти, но им посакувам се најдобро. Ние сме спремни за натпреварување, тоа е сигурно"- дополнува светскиот првак.

Додава дека 2018 година била навистина успешна.

„Не мислам дека научивме една посебна работа. Како напредував така се разбирав себесе се повеќе и повеќе. Можев да се фокусирам, и да забележам некои работи како би ги балансирал подобро, нешто што го добиваш со искуството и учиш на грешките. Успевав да напредувам цела година, и тоа никогаш не застана. И понатаму ќе работам, ќе бидам посветен"- вели Хамилтон.

Новата сезона во Формула 1 почнува на средината на март, во Австралија, а предизвикувачите на Мерцедес, Ферарти и Ред бул имаат двајца нови возачи Во Ферари тоа е Шарл Леклер, кој го замени Кими Раиконен, додека во Ред Бул е Пјер Гасли, наследникот на Даниел Рикијардо.

Најново во Авто-мото