ЈА ОСВОИ 54. ПОЛ ПОЗИЦИЈА ВО КАРИЕРАТА, ПА СЕ ПОШЕГУВА

ФЕТЕЛ: Станав на 'вистинската нога', тоа беше добар знак

Возачот на Ферари, Себастијан Фетел се пошегува со новинарите откако се избори за најдоброто стартно место за ГП на Големата награда на Канада која се вози вечерва на патеката „Жил Вилнев"

објавено: 10 јуни 2018 - 17:05

Во саботата Германецот постави нов рекрод на патеката, откако го извозе најбрзиот круг од 1:10,764 минути.

„На првите тренинзи имав проблеми. Не бев задоволен со болидот, не можев да пронајдам ритам. Меѓутоа работите се сменија во квалификациите. Од утрината се чувствував многу подобро.Изгледа дека 'станав на вистинската нога'. Важно ми е да се чувствувам како да сум дома, и да имам самодоверба. Првиот ден повеќе бев како еден 'патник', но во квалификациите веќе не бев тоа. Болидот беше одличен. Чувствував дека сум се побрз и побрз. А кога ќе ја почнете трката од пол-позицијата, секако дека сакате да победите" - изјави Фетел, кој во Канада ја освои 54. стартна позиција број 1 во кариерата.

Трката за Големата награда на Канада се вози вечерва, од 20.10 часот по средноевропско време.

Најново во Авто-мото