во квалификациите за гран при на Германија

Фетел на пол позиција, дебакл за Хамилтон

Пред своите навивачи, германскиот возач од првиот ред утре ќе ја поведе Ф1 трката 

објавено: 21 јули 2018 - 16:48

Себастијан Фетел со Ферари ќе стартува од челната позиција на утрешнот Гран при на Германија. Во феноменална „бркотница“ Фетел успеа со време од 1:11.212 да биде побрз од Валтери Ботас, кој го освои второто место во квалификациите. Кими Раиконен ги дополнува Топ 3, а потоа следуваат макс Верстапен, Кевин Магнусен, Ромен Грожан, Нико Хулкенберг, Карлос Сајнц, Шарл Локлер и Серхио Перез. 

Најголемиот ривал на Фетел, Луис Хамилтон уште во првата третина од квалификациите имаше инцидент и не успеа да ги заврши квалификациите. На крајот, Хамилтон заврши на 14 место во квалификациите и значително си ги намали шансите за висок пласман, односно победа на утрешната трка. 

Најново во Авто-мото