НАПРЕГАЊА ПОМЕЃУ ОРГАНИЗАТОРИТЕ И СОПСТВЕНИЦИТЕ

Ф1 може да остане без пет трки

објавено: 30 јануари 2019 - 16:30

Сопствениците на Формула 1, американската компанија „Либерти медија" се соочија со големо незадоволство од страна на организаторите на неколку трки пред сезоната. Според „Дејли меил" најбрзиот циркуз на светот може да остане без неколку легендарни патеки. Организаторите на етапите во Силверстоун, Монца, Барселона, Хокенхајм и Мексико не се задоволни од условите кои им ги нудат сопствениците на Ф1.

Причината за скандалот е решението на „Либерти медија" да му даде бесплатно домаќинство на Мајами за старт на Формула 1, додека во исто време сопствениците на легендарната писта „Силверстоун" плаќаат по 25 милиони фунти годишно за да бидат дел од календарот.
Мајами треба да се приклучи на календарот во 2020 година. А оваа година им истекуваат договорите со гореспоменатите пет етапи.

Секој е незадоволен. Идеите се неодрживи. Досега бевме мирни и послушни, но веќе имаме сериозна загриженост за иднината на нашиот спорт под раководство на луѓето кои го водат", изјави Стјуард Принс, шефот на ГН на Обединетото Кралство.

Најново во Авто-мото