„ЛИБЕРТИ МЕДИЈА" СО НАЈАВА ОД ПЕКИНГ

Ф1 добива втора трка во Кина од 2020

Во календарот на Ф1 од 2004 година е присутно Кинеското гранд при во Шангај, но првите луѓе веруваат дека е потребно да бидат поприсутни во оваа земја.

објавено: 25 јануари 2019 - 12:30

По потврдата дека во сезоната 2020 Формула 1 добива нова трка, Гранд при во Виетнам, се поизвесно е дека календарот ќе биде одново збогатен, односно Кина ќе добие втора трка.

Вакви се најавите од „Либерти Медија", кои на стратешка маркетинг конференција во Пекинг изјавија дека би сакале да имаат втора трка во Кина и дека е потребно да бидат поприсутни на тој пазар повеќе од три дена на Гранд при во Шангај.

Гранд при трката во Шангај во календарот на Ф1 е од 2004 година, а на годинешното издание ќе биде прославена и јубилејна бројка од 1.000 трки во Формула 1.

„Либерти Медија" има планови да се прошири на клучните пазари во Кина и во САД, но притоа е внимателна кога станува збор за должината на сезоната и бројот на трките.

Со последната во Виетнам, бројот е 22 трки, а поставениот максимум се 25 трки во календарот.

Најново во Авто-мото