ОДЛИЧНИОТ ФИНЕЦ ЈА ИСКОРИСТИ ГРЕШКАТА НА ХАМИЛТОН

Доминација на Мерцедес, пол позиција за Ботас во Сочи! (ФОТО)

Валтери Ботас оствари најдобро време (1:31:387 мин.) на квалификациите во пресрет на неделната Голема награда на Русија во рамките од Формула 1 шампионатот.

објавено: 29 септември 2018 - 15:22

Ботас беше најбрз на патеката во Сочи, а Мерцедес беше доминантен откако второто место го освои вториот возач на тимот, Луис Хамилтон.

Хамилтон на крајот беше 15 стотинки побавен од клупскиот ривал, Британецот направи голема грешка во последниот брз круг.

Фетел беше трет, а Раиконен четврти, а она што треба да ги загрижи во редовите на Ферари што не можеа да бидат ниту на половина секунда заостанување зад главните ривали.

Следуваат Магнусон, Окон, Леклерк, Перез, Грожан и Ериксон кои ја комплетираат првата „десетка" после саботните квалификации. Трката ќе се вози в недела од 13:00 часот по македонско време, 14:00 по локално во Сочи.

Моментно во генералниот пласман кај возачите води Хамилтон со 281 бод, пред Фетел (241), Раиконен (174), Ботас (171)...

Најново во Авто-мото