ридско-брзинска трка во Кочани “ РУЕН ПОНИКВА 2018”

ПО ДЕСЕТ ГОДИНИ ПАУЗА: Авто трка во Кочани

По пауза од десет години, повторно ќе се вози традиционалната Авто-трка во Кочани.

објавено: 23 јуни 2018 - 08:45

Денеска на патеката Пониква, близу Кочани, ќе се одржи втората трка од домашниот шампионат на ридско-брзински патеки. Организатор на Авто трката во Кочани " РУЕН ПОНИКВА 2018" е АКК ПРИМО авј, во соработка со Општина Кочани и Ruen-Inox Automobile.

На патеката долга шест километри и 400 метри, учество ќе земат 25 домашни натпреварувачи, а се очекува и присуство на странски возачи.

Официјалното отворање е закажано за в недела од 12:30 часот, а стартот на натпреварот е предвиден во 13:00 часот.

По успешниот старт на Водно, организаторот се надева дека ќе го врати сјајот на најатрактивниот спортски настан и во градот Кочани. До крајот на натпреварувачката сезона во домашниот шампионат остануваат уште две ридско –брзински трки. Следната е во Крушево (04-05.08) и Водно (10-11.11).

РАСПОРЕД НА ТРКАТА

Сабота

09:00-10:30 часот – Технички преглед и верификација на возилата
10:30-11:00 часот – Прва седница на жири и брифинг со возачи
11 часот – Организирано поаѓање од старт
12 часот – Прв тренинг
30 минути по прво возење – Втор тренинг

Недела

09:00 часот – Брифинг со возачите
10:00 часот – Организирано поаѓање на старт
11:00 часот – Неофицијален тренинг
12:30 часот – Официјално отворање на трката
13:00 часот – Старт на натпреварот

 

Најново во Авто-мото