СЛАБИ РЕЗУЛТАТИ НА НАШИТЕ ВОЗАЧИ НА „ХУНГАРОРИНГ“

Иџе извозе само пет круга, а Давидовски до 18. место...

Ниту на втората трка што се возеше на патеката кај Будимпешта, во рамките од европскиот ТЦР-шампионат, нашите автомобилисти не блескаа...

објавено: 8 јули 2018 - 14:05

Ниту на втората трка што се возеше на патеката „Хунгароринг" кај Будимпешта, во рамките од европскиот ТЦР-шампионатот.  Македонските автомобилисти Игор Стефановски и Виктор Давидовски не стигнаа да се вмешаат во битката за висок пласман 

Денешката трка на Хунгароринг Давидовски ја стартуваше од 22. стартна позиција, а на крајот ја освои 18. позиција. Од друга страна пак, Стефановски не успеа да ја финишира оваа трка, затоа што по пет извозени круга се откажа поради проблеми со возилото.

На првата трка, возена еден ден порано,  Стефановски го освои 13. место, додека Давидовски беше една позиција подолу во конечниот пласман

Најново во Авто-мото