КАКО ЗАГРЕВАЊЕ ЗА Ф1

Алонсо победи на „Ролекс 24 часа трката" во Дејтона

Шпанецот го доби дуелот со Фелипе Наср за првото место на дождливата трка, која поради невремето заврши два часа порано од предвиденото.

објавено: 28 јануари 2019 - 14:30

Фернандо Алонсо победи на „Ролекс 24 часа трката", која викендов се одржуваше во Дејтона и со тоа ја збогати својата листа со победи надвор од Формула 1.

Шпанецот, кој беше во тимот заедно со Џордан Тејлор, Ренџер ван дер Занде и Камуи Кобајаши, ја го доби клучниот дуел за првото место со уште еден поранешен Ф1 возач, Фелипе Наср.

Алонсо го доби дуелот, излезе на првото место на трката, која поради обилните врнежи и невремето беше прекината два часа порано од предвиденото.

 

Најново во Авто-мото