| контакт | маркетинг
КОШАРКА

13.09.2017

ЕП: Русите со пресврт до полуфинале

Русија е третиот полуфиналист на Евробаскетот откако во четвртфиналето по голема борба ја совлада Грција со резултат 74:69 (17:24, 14:13, 20:16, 23:16) и за место во финалето ќе се пресмета со победникот од вечерашниот дуел меѓу Србија и Италија

„Зборнаја“ до местото меѓу четирите најдобри тимови на „Стариот континент“ дојде по големиот пресврт во последните десет минути. Грците до тогаш го контролираа мечот, во еден момент имаа преднос од 13 поени, но потоа правеа многу грешки, а разбудените Руси тоа го искористија.
Најдобар играч на Русите беше Алексеј Швед со 26 поени и пет асистенции, Тимофеј Мозгов додаде 15 поени и десет скокови, а двоцифрен учинок имаше и Виталиј Фридзон, кој мечот го заврши со 11 поени. На другата страна Ник Калатес впиша 25 поени и пет скокови, додека Јоргос Принтезис имаше 19 поени и пет скокови.
Русите им се приклучија на Шпанија и Словенија кои во вторникот изборија место во полуфиналето.



Датум: 13.09.2017, 20:04
Статијата е прочитана 280 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
26.09.2017
26.09.2017
26.09.2017
26.09.2017
25.09.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense