| контакт | маркетинг
РАКОМЕТ

17.02.2017

Вецлар верува во Миркуловски

Германскиот Вецлар и официјално потврди дека Филип Миркуловски останува во бундеслигашот, потврдувајќи ја веста на „Македонски спорт“ од минатата недела

Миркуловски во најсилната германска лига дебитираше во 2015 година во дресот на Хановер, а од оваа сезона ги брани боите на Вецлар, но плејмејкерот со својата игра за кусо време изгради сериозен статус.
„Среќен сум што Филип ја прифати понудата на Вецлар. За мене тој е тивок лидер, со големо интернационално искуство и неговото значење за екипата е огромно и игра голема улога во интегрирањето на новите играчи во тимот“, задоволно констатираше тренерот на Вецлар, Кај Вандшнајдер.



Датум: 17.02.2017, 15:26
Статијата е прочитана 654 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
24.03.2017
24.03.2017
24.03.2017
24.03.2017
24.03.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense