| контакт | маркетинг
МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛ

25.09.2017

Герет Бери со рекорден 633. настап во Премиерлигата

Герет Бери стана привремено капитен на тимот на Вест Бромвич Албион за дуелот со Арсенал, во меч во кој ќе го има рекордниот 633. настап во Премиерлигата

Бери е во составот на Тони Пјулис за понеделничкиот меч на „Емирати“ со што ќе го сруши рекордот на Рајан Гигс, кој имаше 632. настапи за Манчестер јунајтед во неговата кариера.
36-годишниот Бери дебитираше за Астон Вила во мај 1998 година, и играше за уште три тимови во Премиерлигата, Манчестер сити, Евертон и ВБА.
„Сакам да продолжам колку што можам. Секој поранешен играч ми го вели истото - играј колку што можеш, ќе има време да работиш друго нешто. Не мислев дека ќе стигнам дотука. Кога имате над 500 натпревари, мислите дека крајот е блиску, но јас продолжив“, вели Бери.



Датум: 25.09.2017, 20:37
Статијата е прочитана 144 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense