| контакт | маркетинг
РАКОМЕТ

14.11.2017

Абутовиќ се договори, две години во РНЛ

Преддоговорот е веќе потпишан, се чека германскиот првак да го плати обесштетувањето за бекот на Вардар, па трансферот да биде официјализиран

Европскиот првак Вардар дефинитивно останува без главниот дефанзивец Илија Абутовиќ на крајот од сезоната. Левиот бек во следните две сезони ќе го носи дресот на германскиот шампион Рајн Некар Левен и ќе му биде соиграч на македонскиот репрезентативец Филип Талески. Преговорите се веќе завршени, преддоговорот е потпишан и сега ќе се чека бундеслигашот да го плати обесштетувањето на Вардар за трансферот да биде официјализиран.
„Лавовите“ и ланската сезона беа заинтересирани за услугите на српскиот репрезентативец, но тогаш тој одлучи да му остане верен на Вардар и го продолжи договорот на уште три години, ама ќе одработи само една.
Абутовиќ е дел од играчите кои имаат најдолг стаж во вардаровиот дрес, од 2011 година, кој, како играч, растеше заедно со успесите на клубот. Покрај шампионските и куп-титулите во македонското првенство, големиот борец може да се пофали и дека бил дел од клупската историја освојувајќи три шампионски титули во СЕХА-лигата, како и најсјајната титула во Лигата на шампионите, ланската сезона во Келн.
Со ова станува јасно дека „црвено-црните“ остануваат без уште една од клучните алки во тимот, откако претходно „Македонски спорт“ обелодени дека голманот Арпад Штербик на крајот од сезонава заминува во Веспрем, а екипата официјално ја напушта и тренерот Раул Гонзалез, кој ќе седне на клупата на ПСЖ.

*Превземањето на информацијата без одобрување на „Македонски спорт“ ќе биде санкционирано според Законот.



Датум: 14.11.2017, 10:13
Статијата е прочитана 2329 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.11.2017
19.11.2017
19.11.2017
19.11.2017
19.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense