| контакт | маркетинг
РАКОМЕТ

11.01.2016

Стоилов: Посакуваме одмазда над Тунис

„Секогаш на Мундијалите влегуваме со поголема еуфорија. Сакам да играме борбено на секој меч и да покажеме дека нема предавање"

Еден од ракометарите со најдолго искуство во дресот на Македонија, Стојанче Стоилов се надева дека тој и соиграчите ќе успеат да го поправат впечатокот против Тунис. Јасна е желбата за одмазда на нашите ракометари против оваа селекција, која ни го „украде" настапот на Олимписките игри во Рио де Жанеиро.

„Тунис ни се должници. Последниот натпревар против нив не мина како што се посакувавме. Се надевам дека ќе се одмаздиме за тој меч и дека нема да разочараме. Немаме голем притисок и набој, и затоа сметам дека можеме да направиме успех, и пред сè тоа ќе се оствари ако функционираме како тим.
На Мундијалите влегуваме поеуфорично, но, овој пат сакам да играме борбено и да покажеме дека нема предавање против никој" се зборовите на нашиот пикер.



Датум: 11.01.2017, 15:53
Статијата е прочитана 626 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
25.05.2017
24.05.2017
24.05.2017
24.05.2017
24.05.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense