| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

13.08.2017

„Реми“ на Чаир, Силекс на „мускули“, Пелистер владее со Пелагонија

Комплетирано е првото коло од ПМФЛ со трите денешни натпревари

Пелистер ја доби битката за Пелагонија во првото коло од Првата лига во Македонија. Битолчани излегоа како победници од пресметката со Победа, но имаа многу мака. Поведе Пелистер со 0:1 после акцијата која почна од десната страна, и ударот на Трифуновски од 16-17 метри. Прилепчани успеаја да израмнат со гол од пенал преку Маневски во 51. минута. Победа имаше шанса да дојде до водство, а Пелистер веднаш казни преку Лукас во 70. минута. Токму Лукас имаше шанса да стави точка на триумфот на битолчани, но не реализираше одлична шанса.

Силекс на „мускули“ го совлада составот на Скопје на домашен терен. Стрелец на голот беше дебитантот Жуниор кој што погоди во 10. минута. Силекс имаше уште 2-3 шанси до поубедлив триумф, додека Скопје  не направи ниту една сериозна закана по голот на кратовци.

Академија Пандев беше блиску на своето деби во Првата лига да дојде до три бода. Во првиот дел „академците“ ја погодија пречката, а поведоа во 78. минута кога Дориев од 14-15 метри после соло акција го совлада Зендели. Меѓутоа во 89. минута Демири од триесетина метри со убав гол успеа да погоди во горниот лев агол и да донесе израмнување и бод за Шкупи.

РЕЗУЛТАТИ 1. КОЛО
СИЛЕКС - СКОПЈЕ 1:0 (Жуниор 10’)
ШКЕНДИЈА - ВАРДАР 2:0 (Алими 62’, Жуниор 66’)
РАБОТНИЧКИ - РЕНОВА 0:0
ШКУПИ - АК. ПАНДЕВ 1:1 (Демири 89’ - Дориев 78’)
ПОБЕДА - ПЕЛИСТЕР 1:2 (Маневски (п) 51’ - Трифуновски 24’, Лукас Гоијано 70’)

ТАБЕЛА:
1. Шкендија 3
2. Пелистер 3
3. Силекс 3
4. Шкупи 1
5. Ак. Пандев 1
6. Работнички 1
7. Ренова 1
8. Победа 0
9. Скопје 0
10. Вардар 0



Датум: 13.08.2017, 18:58
Статијата е прочитана 1999 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.08.2017
19.08.2017
19.08.2017
19.08.2017
19.08.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense