| контакт | маркетинг

13.08.2017

Дови станува главниот ривал на Маркез

По фантастичната битка во последниот круг, Андреа Довициозо победи за Дукати на Австриското ГП, за да му се доближи на 16 поени до Марк Маркез во најинтересната борба за титулата во Мото ГП последните десетина години

Довициозо и Маркез избија на врвот по хаотичното отварање на трката за на крајот Италијанецот да го победи Шпанецот за само 0.176 секунди и покрај очајниот обид на Маркез во последната кривина. Подиумот го комплетираше колегата на Маркез, Дани Педроза откако се бореше за позиција во текот на целата трка, поминувајќи ги Валентино Роси и Јохан Зарко во еден обид. Лоренцо заврши како четврти пред Зарко и двоецот на Јамаха, Маверик Вињалес и Валентино Роси, кои имаа лош старт на трката и просечен финиш.
Со победата, Довициозо се доближи на 16 поени до Маркез во генерален пласман, додека има и осум поени предност пред Вињалес.

МОТО ГП
1.Андреа Довициозо (Ита) - Дукати Тим 39:43.323
2.Марк Маркез (Шпа) - Репсол Хонда +0.176
3.Дани Педроза (Шпа) - Репсол Хонда +2.661
4.Хорхе Лоренцо (Шпа) - Дукати Тим +6.663
5.Јохан Зарко (Фра) - Монстер Тех 3 Јамаха +7.262

ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН
1.Марк Маркез (Шпа) - Репсол Хонда 174
2.Андреа Довициозо (Ита) - Дукати Тим 158
3.Маверик Вињалес (Шпа) - Мовистар Јамаха 150
4.Валентино Роси (Ита) - Мовистар Јамаха 141
5.Дани Педроза (Шпа) - Репсол Хонда 139



Датум: 13.08.2017, 15:13
Статијата е прочитана 317 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.08.2017
21.08.2017
21.08.2017
21.08.2017
21.08.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense