| контакт | маркетинг
РАКОМЕТ

14.01.2018

Нема паника, Словенците не ни нанесоа штета

Грубата игра на Словенија не создаде проблеми за македонските репрезентативци, сите се фит

Од Загреб за „Македонски спорт“
Весна Николовска

Македонските репрезентативци се силни момци. Можеби изедоа многу ќотек вчера од Словенците, но нивната груба игра не ни нанесе штета. Информациите од нашата делегација утрово се позитивни, односно со исклучок на заморот по напорниот дуел синоќа, никој не се пожалил на посериозни проблеми или пак болки.
Има доволно време медицинскиот тим да ги рехабилитира ракометарите, а и кога имаат силно темпо на натпревари Гонзалез не ги форсира своите играчи.
Па така Македонија пред натпреварот со Црна Гора утревечер, најверојатно ќе одржи само еден тренинг, попладнево.




Датум: 14.01.2018, 10:11
Статијата е прочитана 975 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
17.01.2018
17.01.2018
17.01.2018
17.01.2018
17.01.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense