| контакт | маркетинг
РАКОМЕТ

14.09.2017

Циндриќ неизвесен, Марсениќ „виси“

Владо Недановски е единствениот кој дефинитивно не патува за Полска. Бекот ќе биде со тимот, но не се знае дали ќе влезе во составот, додека за пикерот ќе се чека до последен момент

Здравствени главоболки има Раул Гонзалез во пресрет на отворањето на новата сезона во Лигата на шампионите. Во вторникот Рожерио Мораес се врати во тимот, но Вардар го „загуби“ Мијајло Марсениќ. Пикерот заработи расекотина на устата, која беше санирана со конци, па сега до последен момент (петок вечер) ќе се чека за да се знае дали ќе може да се смета на неговите услуги на гостувањето во Висла Плоцк.
Она што е сигурно е дека крилото Владо Недановски е единствениот ракометар кој нема да патува за Полска. Повредениот Лука Циндриќ ќе биде со тимот, но не се знае дали ќе влезе во составот.
Вардар в сабота наутро со лет Скопје – Виена – Варшава патува за Плоцк, каде в недела вечер (19 часот) и гостува на Висла Плоцк во првиот дуел од групата А во елитата.



Датум: 14.09.2017, 09:09
Статијата е прочитана 470 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
26.09.2017
26.09.2017
26.09.2017
26.09.2017
26.09.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense