| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

12.10.2017

Амановиќ: Македонијо, прости ни за нанесениот срам

Нема оправдување за поразот од Гибралтар. Можеме само да и се извиниме на целата македонска јавност што и го нанесовме овој невиден срам – вели нашиот репрезентативец во свое, но и во име на своите соиграчи.

Македонката јавност веќе втор ден е шокирана од поразот на младата репрезентација до 21. година на гостувањето кај Гибралтар. Нашите младинци доживеаа тежок дебакл и можат сега само да и се извинат на јавноста за она што се случи.
„Нема никакво оправдување. Македонијо прости ни за нанесениот срам. Од мене лично и во името на сите мои репрезентативни колеги сакам да и се извинам на целата нација. Ова не смееше да се случи. Ќе ни треба време од ова психолошки да се опоравиме“ - вели Алекса Амановиќ, нашиот стандарден дефанзивец во оваа генерација.
„Како можевме да примиме гол од Гибралтар? Не знам ни јас самиот што да ви кажам. Доцна е сега за објаснување, расправање што се случи. Штетата е направена и ќе мора да се носиме со овој пораз засекогаш. На сите ни е многу жал што еве се случи ова, поради нас самите поради целата јавност, а најмногу поради нашиот селектор. Искрено, ми е срам во очи да го погледнам„ - истакнува Амановиќ.

 

 



Датум: 12.10.2017, 11:04
Статијата е прочитана 2425 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense